Skip to content
LAW FIRM SHTERJOVSKI
Адвокат Гоце Штерјовски – Адвокатска Канцеларија Штерјовски
Основана во 2007 година од Адвокат Гоце Штерјовски, Адвокатската Канцеларија Штерјовски претставува реномирана и современа правна канцеларија со седиште во центарот на Скопје, која нуди целосна правна поддршка и застапување во сите области на правото.
Биографија – Адвокат Гоце Штерјовски
Адвокат Гоце Штерјовски е основач и генерален менаџер на Адвокатска канцеларија Штерјовски, која успешно функционира од 2007 година до денес. Под негово раководство, канцеларијата се разви во современа и динамична правна практика што обезбедува широк спектар на правни услуги за домашни и меѓународни клиенти.
Адвокат Штерјовски поседува богато професионално искуство стекнато во Северна Македонија и Обединетото Кралство, што му овозможува длабоко разбирање на различни правни системи и нивната примена во меѓународниот контекст.
Тој е специјализиран во следните области на правото:
Граѓанско право – имотно-правни односи, сите области на имотно право и недвижности
Трговско право – странски инвестиции, компании и корпоративно управување, спојувања и превземања, купување и продавање на компании
Инвестиции во недвижности и инфраструктурни проекти – особено во областа на енергијата и обновливите извори
Формирање и развој на компании
Меѓународно трговско право – склучување на договори, застапување во прекугранични правни односи и застапување на странски компании
Адвокатска Канцеларија Штерјовски
Канцеларијата е изградена врз принципи на професионалност, доверба и ефикасност, со јасна мисија – да обезбеди висококвалитетни правни услуги прилагодени на потребите на секој клиент.
Нашата специјализација опфаќа различни области на правото, со посебен акцент на:
Трговско Право
Деловни и трговски договори, странски инвестиции, корпоративно работење, спојување на компании, даноци, царини и акцизи, како и управување и застапување на странски компании и претставништва.
Деловни договори
Разновидните индустрии во кои сме ангажирани вклучуваат изградба и развој на недвижен имот, здравствени и фармацевтски производи, трговија со алкохолни производи , хотелиерство, металургија, рударство, телекомуникации и медиуми, информатичка технологија , малопродажни синџири , нафта и гас, греење и обновлива енергија. Подготвуваме или ревидираме комерцијални договори специфични за индустријата на клиентот. Нашето искуство ни дава можност лесно да ги разбереме индустријата и бизнисот на нашите клиенти и ни овозможува да дадеме навремен и професионален правен совет.
Превземање и Спојување на Компании (Mergers and Acquisitions)
Ние советуваме за превземања и спојувања (M&A) во различни индустрии, обезбедувајќи правна поддршка во сите фази на трансакциите. Нашите M&A адвокати работат со клиенти на секој чекор од M&A процесот, почнувајќи од изготвување на писма за намери и договори за неоткривање на информации, спроведување на правна длабинска анализа (due diligence), па сè до советување за структурата на трансакцијата, преговарање на условите и подготовка на трансакциските документи.
Имотно Правни Односи
Управување и постапки со недвижен имот, трансформации на имот, инвестиции во градежништво и сите видови на договори за недвижности.
Наша цел е да обезбедиме стручна поддршка и советување во сите аспекти на правото, гарантирајќи дека интересите на нашите клиенти се максимално заштитени. Од основањето во 2006 година, имаме големо искуство во областа на имотно правни односи, трговско право, кривично право, меѓународни трговски договори, странски инвестиции и застапување на странски компании.
Области на работа
Граѓанско и облигационо право
Стопанско (комерцијално) право
Имотно-правни односи и недвижности
Кривично Право
Судски и вонсудски постапки
Договори и застапување пред институции
Инвестиции и деловно советување
Административно и управно право
Меѓународно право и странски инвестиции
Канцеларијата има долгорочно искуство во соработка со странски инвеститори, компании и индивидуални клиенти од Обединетото Кралство и други европски земји, овозможувајќи им правна сигурност и успешна реализација на нивните деловни активности во Република Северна Македонија.
Нашата мисија
Да изградиме мост меѓу правната сигурност и деловниот успех, нудејќи јасни, стратешки и практични решенија за секој клиент.
Контакт
📍 Адреса: Козара бр 2 ,Центар, Скопје
✉️ Е-пошта: info@zraknm.com
🌐 Веб: https://zraknm.com
За било какви прашања, ве молиме контактирајте го нашиот тим.