Инвестирај во Северна Македонија

Invest in North Macedonia

Вашиот Пат за инвестиции до Северна Македонија и до земјите на Југоисточна Европа
Вашиот Пат и инвестиции во  Северна Македонија и Југоисточна Европа, уникатна услуга од Адвокатска Канцеларија Штерјовски, со целосен пакет за компании кои сакаат да се прошират во Северна Македонија и да ја искористат нејзината стратешка локација за пристап до пазарите во Југоисточна Европа. 
Северна Македонија како дел од Југоисточна Европа и база на ефикасен и економски центар за производство и дистрибуција на производи , со многу поволни услови за бизнис и инвестиции. 
Нашите Услуги
Нашата услуга  за Инвестиции во Северна Македонија и Југоисточна Европа ги поврзува британските и европските компании со растечкиот пазар на Северна Македонија. Нудиме големи можности за профитабилни инвестиции и служиме како мост за Југоисточна Европа, вклучувајќи ги: Бугарија,Романија,Србија,Косово,Албанија,Црна Гора,Босна Херцеговина,Хрватска,Словенија и Турција
Нудиме целосна правна поддршка на инвеститорите во правните, трговските, стратешките и логистичките услуги, олеснувајќи го влезот на пазарот за британските инвеститори во Северна Македонија и во наведените држави оф Југоисточна Европа. 
Готови Проекти со Висок Поврат на Инвестиција
Како дел од нашата услуга претставуваме и застапуваме клиенти кои располагаат со веќе подготвени и анализирани инвестициони проекти кои нудат исклучителен поврат на вложените средства.
Овие проекти се внимателно селектирани врз основа на:
Анализа на пазарот и трендовите
Финансиска исплатливост и стабилност
Локална и меѓународна поддршка
Инфраструктурни и логистички предности
Предности на готовите проекти:
Брза имплементација без потреба од дополнителни истражувања
Намалување на ризикот благодарение на детална претходна анализа
Висок потенцијал за профитабилност и долгорочен раст
Со Адвокатската Канцеларија Штерјовски , инвестициите во Северна Македонија се сигурни, ефективни и профитабилни. Нашиот тим е подготвен да одоговори со најсоодветни правни решенија за вашите деловни цели.
Нашата Визија
Во Адвокатската Канцеларија Штерјовски, ја гледаме Северна Македонија како трговски центар на Југоисточна Европа. Нашата услуга е дизајнирана да го поедностави вашето проширување со искористување на стратешката локација на Северна Македонија, нејзините конкурентни економски поттици и силните логистички врски. Со години имаме искуство во меѓународна трговија и комерцијално право, така што Адвокатската Канцеларија Штерјовски обезбедува експертиза и формирање на  локални партнерства што им се потребни на британските и странските компании за самоуверено влегување во овие ветувачки пазари.
Стратешка Локација за Оптимален Бизнис 
Централната позиција на Северна Македонија по должината на Паневропските коридори 8 и 10 ја прави идеална како транзитен и дистрибутивен центар за Југоисточна Европа.
Поволни Економски Услови 
Северна Македонија нуди корпоративен данок од само 10%, а инвеститорите во технолошко-индустриските развојни зони (ТИДЗ) добиваат до 10 години ослободување од корпоративен данок.Достапност на фондови за инвеститори од Владини тела и ЕУ кои можат да покријат дури до 40% во некои сектори. 
Пристап до Регионална Трговска Инфраструктура
Блискоста на Северна Македонија до главните пристаништа во Грција, Албанија и Црна Гора, комбинирана со развиените патни мрежи, обезбедува ефикасна дистрибуција низ Југоисточна Европа.
Стабилна Бизнис Средина
Членството на Северна Македонија во НАТО гарантира стабилност, додека статусот надвор од ЕУ овозможува флексибилни билатерални трговски договори, правејќи го влезот на пазарот едноставен за британските компании.
Комплетна Правна Поддршка
Нудиме комплетна правна и адвокатска помош во Обединетото Кралство и во Северна Македонија, што ја прави вашата инвестиција сигурна и безбедна, обезбедена директно од нашиот тим.
Што Нудиме :
Стратешко Советување и Поддршка за Влез на Пазарот
Формирање на Партнерски субјекти и претставништва
Правна и Регулаторна Поддршка
Олеснување на Трговијата и Инвестициите
Комплетна Логистичка Поддршка
Континуирана Поддршка за Инвеститорите
Зошто Северна Македонија?
Со поволни даночни политики, квалификувана и достапна работна сила, и стратешки пристап до пазарите во Југоисточна Европа, Северна Македонија е уникатна можност за раст на британските компании.
За повеќе информации 

Е. info@zraknm.com

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.