Превземање и Спојување на Компании - Mergers and Acquisitions
Превземање и Спојување на Компании (Mergers and Acquisitions)
Ние советуваме за превземања и спојувања (M&A) во различни индустрии, обезбедувајќи правна поддршка во сите фази на трансакциите. Нашите M&A адвокати работат со клиенти на секој чекор од M&A процесот, почнувајќи од изготвување на писма за намери и договори за неоткривање на информации, спроведување на правна длабинска анализа (due diligence), па сè до советување за структурата на трансакцијата, преговарање на условите и подготовка на трансакциските документи.
Наши услуги опфаќаат:
Комплетна услуга за инвестирање во превземање на компании, купување на компании, како и отворање и управување со нови компании.
Изготвување и преглед на сите деловни договори за купување и превземање.
Обезбедување усогласеност со закони за превземање и конкуренција.
Советување за различни методи на порамнување на трансакциите и обезбедување на соодветни овластувања.
Преговори за условите и затворање на трансакциите.
Имаме искуство со национални и прекугранични M&A, вклучувајќи:
Трансакции со акции и имот
Спојувања и раздвојувања
Превземања
Делување на заеднички вложувања (joint ventures)
Реструктурирања
Наша цел е да ги обезбедиме сите правни аспекти за успешно извршување на M&A трансакциите, обезбедувајќи дека нашите клиенти ќе добијат правна заштита и оптимизација на своите инвестиции во купување и превземање компании.