Адвокатски и правни услуги
Адвокатска Канцеларија Гоце Штерјовски
Адвокатска канцеларија Гоце Штерјовски – Law Office Goce Shterjovski е основана 2006 година и нуди широк спектар правни услуги на национално и интернационално ниво. Нашата специјализација опфаќа различни области на правото, со посебен акцент на:
Трговско Право
Деловни и трговски договори, странски инвестиции, корпоративно работење, спојување на компании, даноци, царини и акцизи, како и управување и застапување на странски компании и претставништва.
Деловни договори
Разновидните индустрии во кои сме ангажирани вклучуваат изградба и развој на недвижен имот, здравствени и фармацевтски производи, трговија со алкохолни производи , хотелиерство, металургија, рударство, телекомуникации и медиуми, информатичка технологија , малопродажни синџири , нафта и гас, греење и обновлива енергија. Подготвуваме или ревидираме комерцијални договори специфични за индустријата на клиентот. Нашето искуство ни дава можност лесно да ги разбереме индустријата и бизнисот на нашите клиенти и ни овозможува да дадеме навремен и професионален правен совет.
Превземање и Спојување на Компании (Mergers and Acquisitions)
Ние советуваме за превземања и спојувања (M&A) во различни индустрии, обезбедувајќи правна поддршка во сите фази на трансакциите. Нашите M&A адвокати работат со клиенти на секој чекор од M&A процесот, почнувајќи од изготвување на писма за намери и договори за неоткривање на информации, спроведување на правна длабинска анализа (due diligence), па сè до советување за структурата на трансакцијата, преговарање на условите и подготовка на трансакциските документи.
Имотно Правни Односи
Управување и постапки со недвижен имот, трансформации на имот, инвестиции во градежништво и сите видови на договори за недвижности.
Наша цел е да обезбедиме стручна поддршка и советување во сите аспекти на правото, гарантирајќи дека интересите на нашите клиенти се максимално заштитени. Од основањето во 2006 година, имаме големо искуство во областа на имотно правни односи, трговско право, кривично право, меѓународни трговски договори, странски инвестиции и застапување на странски компании.
Контактирајте не за повеќе информации или за да закажете консултации.
info@zraknm.com